Украинската амбасадорка во земјава, Наталија Задорожњук утрово преку видео-обраќање побара помош од меѓународната заедница за рускиот напад на Украина, кој што започна утрово во 5 часот по средноевропско време.
-Целта на руската воена операција е уништување на украинската држава, населно заземање на украинска територија и воспоставување на окупациска контрола. Руските војски извршуваат напади на мирните украински градови, вклучително од Донбас и од Белорусија. Ова е чин на војна и грубо кршење на повелбата на ОН. Борбениот дух на украинските војници е висок, нашите бранители се подготвени да дадат решителен отпор на државата агресор. Бараме меѓународната заедница веднаш да делува. Од нашиот заеднички одговор зависат животите и безбедноста на граѓаните на Европа, Украина, Македонија и иднината на светскиот поредок, рече амбасадорката.