Украинската амбасадорка во Македонија Наталија Задорожњук денес на брифинг информираше дека цел на руските напади се цивилите.
-Ракети беа лансирани кон градинки и болници. Вчера ракета беше лансирана во висококатница на Киев. Гранатирањето на куќата на Лобановски ќе биде една од истрагите за воените злосторства во меѓународниот суд во Хаг. Злото обично излегува навечер, рече амбасадорката.
Задорожњук потенцира дека Русите се обидуваат да го опкружат главениот град Киев од сите страни.
-Луѓето го бранат својот град и им се доделува оружје. Заклучно со 6 часот наутро на 26 февруари, во Киев беа повредени 35 лица, меѓу кои и две деца. Утрото на 26 февруари, рускиот режим брои загуби во војната на Русија против Украина. Имат човешки загуби – повеќе од 3 500 руски војници, речиси 200 војници беа земени во заложништво, соборени се авиони и погодени се тенкови. За жал и ние имаме загуби. Сред цивили 198 мегу нив 3 деца. 1 115 се ранети, мегу нив 33 деца. Имаше жестоки битки низ целата територија на Украина. Русите прво бомбардираат, а потоа испраќаат тенкови. Нашите војници водат жестоки битки, информира амбасадорката.