Украинската армија информира за тешки руски напади околу Бахмут

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Украинските сили се бомбардирани од тешки руски напади на северот од земјата околу сега уништениот град Бахмут, соопшти вечерва военото раководство во Киев, пренесе ДПА.

– Ситуацијата е исклучително тензична и се карактеризира со интензивен оган од артилерија, минофрлачи и борбени дронови, како и јуришни операции на непријателот, напиша на Телеграм врховниот командант на трупите на украинската армија, Олександр Сирскиј.

Тој информира дека ја координирал понатамошната одбрана со командантите на бригадата на теренот. Украинската војска со месеци е во дефанзива во источна Украина, а Русија извести за неколку мали територијални придобивки во последните недели.

Бахмут и делот од фронтот во североисточниот украински регион Харков се споменуваат и во вечерниот извештај за состојбата на украинскиот Генералштаб.

Слични содржини