Украинската армија: Постигнавме територијални придобивки во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Украинската војска денеска соопшти дека постигнала територијални придобивки во јужниот регион Запорожје југоисточно од градот Орихив, а украинските власти објавија дека Русија го нападнала Киев трета ноќ по ред.

„Украинските единици освојуваат нови позиции“, изјави денеска портпаролот на главната команда Андриј Ковалев.

 

„Сепак, рускиот непријател продолжува да пружа силен отпор и носи резерви. Украинските војници на истокот од земјата продолжуваат со напредувањето јужно од градот Бахмут, контролиран од Русија, каде што украинските сили забележаа делумен успех“, рече Ковалев.

Во исто време, силите на Киев ги одбиле нападите на руската армија во областа Доњецк, во Лиман, Авдивка и Маринка и кај Купјанск во областа Харков.

Слични содржини