Украинската армија тврди дека напредувала во Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Украинската армија денеска соопшти дека напредувала меѓу 600 и 1.000 метри на јужниот и северниот раб на Бахмут, град кој силите на „Вагнер“ го зазедоа во мај.

Украинската армија исто така пријави напредок во саботата, додека силите на руската приватна воена компанија, за време на бунтот, маршираа кон Москва, пренесува „Гардијан“. Не беше можно да се потврдат тие извештаи.

Украинските власти посочија дека бунтот на „Вагнер“ во саботата ѝ дал можност на украинската армија да напредува во својата контраофанзива, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини