Руските сили продолжуваат со напорите да го отсечат градот Авдиивка, северно од Доњецк, и тој наскоро би можел да стане втор Бахмут, соопшти украинската армија.
„Непријателот постојано се обидува да ја опколи Авдиивка. Се согласувам со моите колеги од Обединетото Кралство дека Авдиивка наскоро би можел да стане втор Бахмут – тоа е вистина“, наведе Олексиј Дмитрашкивски, воен портпарол.
Но, тој додаде дека Русија „трпи доста сериозни загуби“ тврдејќи дека ги користи „своите последни резерви“.
„Во текот на изминатиот ден, непријателот загуби околу три чети/ротации на луѓе. Сите овие напади се од ист тип. Непријателот напаѓа од иста позиција, многу очекувано. Така нашите момчиња успеваат да ги одбранат своите позиции“, рече тој.
Според украинските власти, во Авдиивка останале околу 2.000 цивили. Неколку деца се евакуирани, а 150 луѓе го напуштиле градот само во последните три недели, изјави за локалниот ТВ канал Еспресо, Виталиј Барабаш, шеф на цивилно-воената управа на Авдиивка.