Украинската полиција: Повеќе од 440 тела пронајдени во масовната гробница во Изум

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Украинската полиција соопшти дека повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во североисточниот град Изум, кој Украина го врати под своја контрола, како и дека некои жртви биле убиени во гранатирање и воздушни напади.

„Можам да кажам дека тоа е една од најголемите гробници во еден голем град во ослободените области… 440 тела беа закопани на едно место“, изјави за Sky News Серхи Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој во средата ненадејна ги посети украинските војници во Изум, претходно изјави дека украинските власти пронашле масовна гробница во Изум, за што ја обвини Русија.

Слични содржини