Украинската војска го гранатираше Луганск пет пати за 24 часа

од desk2
169 прегледи

 

Украинската војска ги гранатираше утврдувањата на народната милиција во самопрогласената Народна Република Луганск пет пати во последните 24 часа.

Информацијата ја соопшти Министерството за одбрана на Луганск.

„Мета на гранатирањето се населбите Золотоје-5, Калиново и Голубовское“, вели портпаролот на милицијата на Луганск.

Додаде дека украинската восјка користела минофрлачи, пешадија, фрлачи на гранати и оружје од мал калибар“, пренесе ТАСС.