Украинската армија денеска потврди дека се повлекла од селото Ласточкина на западот на земјата, велејќи дека овој потег ќе помогне да се запре напредувањето на руската армија кон запад.
„Украинските вооружени сили се повлекоа од селото Ласточкина, со цел да организираат одбрана и да го спречат непријателот да напредува во западниот правец“, изјави портпаролот на украинската војска, Дмитро Лихови, пренесе „Ројтерс“.
Селото Ласточкина се наоѓа западно од градот Авдејевка, над кој руските сили презедоа контрола во средината на февруари.