Украински функционер потврди: Зеленски ќе присуствува на самитот на Г7

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на самитот на Г7 во Хирошима, потврди денеска Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.

„Таму ќе се решаваат многу важни работи и затоа присуството на нашиот претседател е од суштинско значење за одбраната на нашите интереси“, рече Данилов, пренесе „Ројтерс“.

Претходно беше најавено дека на самитот на Г7 главниот фокус на лидерите на земјите членки ќе биде на Украина, а се очекува САД и другите членки да презентираат нови санкции и мерки за контрола на извозот насочени против Русија поради војната во Украина.

Слични содржини