Украински генерал откри како Украинците ја пробиле руската прва линија на одбрана

од Vladimir Zorba
490 прегледи

Неодамнешниот успех на Украина во пробивањето на првата руска одбранбена линија доаѓа по неколку недели макотрпно расчистување на мини. Бригадниот генерал Олександар Тарнавски, командант на оперативната и стратешка група Таврија која се бори во јужна Украина, вели дека Москва никогаш не очекувала украинските сили да ја преминат линијата на фронтот, па затоа нивните утврдувања надвор од неа се послаби, пишува Business Insider.

Тој процени дека Русија одвоила 60 отсто од своето време и ресурси за првата линија на одбрана, додека само 20 отсто останале за втората и третата линија.

„Тие се подготвуваат повеќе од една година. Тие направија се за оваа област да биде добро подготвена“, изјави тој за Обсервер.

Украинските сили напредуваа и покрај силното одбивање од руските трупи. Русите, кои се во бетонски бункери зад противтенковски стапици, жестоко ги гранатираа Украинците. Минските полиња меѓу двете страни беа густо преполни со експлозиви. Пешадиските сили ја извршуваа опасната задача да ги расчистат ходниците низ минските полиња ноќе, напредувајќи метар по метар.

„Штом се појави опрема таму, Русите веднаш почнаа да пукаат во неа и да ја уништуваат. Затоа деминирањето го правеше само пешадија и само ноќе“, изјави Тарнавски за „Обсервер“.

Но, сега кога украинските сили успешно поминаа низ минското поле што ги дели двете страни, Русите го загубија својот адут

Има многу голема разлика помеѓу првата и втората одбранбена линија“, изјави Тарнавски. Пред украинските сили има повеќе мински полиња, но тие наместо да бидат единствен одбранбен појас се расфрлани бидејќи на тој простор дејствуваат и руски сили.

Москва го чувствува притисокот и е принудена да маневрира. Русија ги прераспоредува војниците и ги носи во областа кај Запорожје од други фронтови и Русија.

„Непријателот ги повлекува резервите, не само од Украина, туку и од Русија. Но, порано или подоцна, Русите ќе останат без сите нивни најдобри војници. Ова ќе ни даде поттик да нападнеме повеќе и побрзо“, изјави Тарнавски. „Сè е пред нас“, изјави тој за „Обсервер“.

„Сега кога Украинците се соочуваат со послаби руски одбранбени линии, можеме да очекуваме побрзи контраофанзивни успеси“, рече тој.

Слични содржини