133
Украинските сили трпат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи Генералштабот не го подготвил градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Сергеј Кривонос.
„Ние плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле градот за соодветна одбрана“, изјави Кривонос, поранешен заменик секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, пренесе ТАСС.
Во интервју за локална ТВ, украинскиот генерал вели дека одбраната на пристапот кон Бахмут и самиот град не била добро подготвена, што резултирало со големи загуби.
Според него, украинската армија требало да се повлече од Бахмут во февруари.