Украински командант: Наскоро ќе започнеме контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски изјави дека неговите сили наскоро ќе започнат контраофанзива.

Сирски рече дека членовите на руската паравоена група Вагнер, кои биле во првите борбени редови на руските сили во Украина, „снемува сила“, пренесува „Гардијан“.

„Набрзо ќе ја искористиме оваа можност, како што направивме претходно во близина на Киев, Харков и Купјанск“, рече Сирски.

Слични содржини