Украински командант: Русите по секоја цена сакаат да го заземат Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Командантот на копнената армија на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави денеска дека борбите за Бахмут продолжуваат и дека ситуацијата во моментов е под контрола.

„Таму (во правец на Бахмут) непријателот ги концентрира своите најголеми напори и не се откажува од целта да ја преземе контролата врз градот по секоја цена“, рече Сирски, пренесува „Униан“.

Тој рече дека руските сили ги засилуваат тешките артилериски напади и извршуваат зголемен број воздушни напади, претворајќи го Бахмут во урнатини.

Слични содржини