335
Командантот на украинските сили кои се борат во Бахмут вчера изјави дека силите на „Вагнер“ ги засилиле минофрлачките и артилериските напади во последните денови, што покажува дека не им снемува муниција, и покрај тоа што нивниот началник Евгениј Пригожин го тврди спротивното.
„Тие не се ни близу до недостаток на муниција бидејќи интензитетот на гранатирање и артилериски операции е зголемен“, изјави украинскиот полковник Роман Хришченко, командант на 127-та бригада на украинската територијална одбрана, пренесе „Ројтерс“.
Според него, руските сили постојано го напаѓаат градот, но украинските војници возвраќаат.