265
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во официјална посета на Киев, пишува „Украинска Правда“, повикувајќи се на информации од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
Посетата на Блинкен доаѓа на денот кога украинските сили одбија уште еден руски ракетен напад врз главниот град на Украина.
Русија утринава изврши ракетен напад врз Киев, а украинската противвоздушна одбрана ги собори сите ракети пред да стигнат до своите цели, соопшти воената управа на главниот град.