Украински пратеник: Киев ќе биде руски Сталинград

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Битката за главниот град на Украина Киев може да биде новиот руски Сталинград, изјави украински пратеник за Би-Би-Си.

Свјатослав Јураш, најмладиот украински пратеник и поранешен советник на претседателот Зеленски, помага во доброволна одбрана во Киев.

Тој рече дека главниот град во текот на ноќта се соочил со многу ракети, а борбите се водат на периферијата на градот.

Предупреди дека Русија треба да се подготви за големи загуби доколку го нападне градот.

– Тоа е огромен милионски град и ако Русите се обидат да влезат, ќе има голема борба – ова ќе биде нивниот Сталинград – рече тој, алудирајќи на најкрвавата битка во Втората светска војна во која 1,1 милион советски војници и 800.000 нацистички војници беа убиени.

„Никој нема да се предаде, тоа дефинитивно можам да го гарантирам“, рече тој.

Тој додаде дека ја координирал испораката на резервите, вклучително и вреќи со песок, како и дека разговарал со различни воени единици за ефикасно да ја водат претстојната битка.