Среде офанзивата во Украина, Путин патува на годишнината од победата во Сталинград

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе присуствува на прославата на 80-годишнината од советската победа во Волгоград, поранешен Сталинград, соопшти Кремљ.

Русија ја слави годишнината од победата во битката за Сталинград, голема пресвртница во Втората светска војна и симбол на патриотизмот на кој Путин се повика среде неговата офанзива против Украина.

Прославите се организираат во време на жестоки борби меѓу руските сили и украинските војници во Украина, речиси една година од започнувањето на руската офанзива со цел, како што наведуваат од Кремљ, „демилитаризација“ и „денацификација“ на оваа поранешна советска република.

Битката кај Сталинград, најголемата битка во Втората светска војна, започна на 24 август 1942 година, а заврши на 2 февруари 1943 година, кога капитулираа трупите на германскиот фелдмаршал Фридрих Паулус, опкружен со војници на Црвената армија.

Катастрофалниот пораз на Германците и нивните сојузници ја означи пресвртницата на Втората светска војна на европското бојно поле.

Битката за Сталинград се смета за една од најкрвавите битки во историјата, со околу два милиони жртви на двете страни.

Слични содржини