Пронајдено девојчето кое исчезна во Сарај

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека синоќа во паркот во скопски Сарај било пронајдено претходно загубеното петгодишно дете.

-Денеска (01.05.2024) околу 18.15 часот во Сарај е пронајдено 5-годишно дете, за кое околу 16.20 часот во ПО Сарај од страна на М.Х. беше пријавено дека се оддалечило во паркот Сарај. Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници на СВР Скопје преземени се мерки и активности за пронаоѓање и околу 18.15 часот детето е пронајдено, соопштија од МВР.

Претходно исчезнувањето во полиција го пријавило возрасен роднина на детето.

-Девојчето било со руса долга коса собрана во репче, облечена во розев фустан и розеви кондурчиња со чорапи, информираа од МВР.

Слични содржини