Украински пратеник: Путин го понижи Трамп

од Vladimir Zorba
57 прегледи

„Владимир Путин никогаш нема да се согласи на целосен прекин на огнот, бидејќи тоа е спротивно на неговите интереси“, рече Олександр Мережко, украински пратеник и претседател на Комитетот за надворешни работи.

Неговите изјави доаѓаат откако рускиот претседател вчера во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предлогот за целосен и итен прекин на огнот.

Во изјава за Би-Би-Си, Мережко рече дека руските напади врз Украина во текот на ноќта ја покажуваат „вистинската реакција на Путин на мировниот предлог“.

„Тоа е еден вид понижување за Трамп затоа што Путин го отфрли неговиот предлог за прекин на огнот, а клучните прашања сега се што Трамп ќе направи следно“, додаде тој.

Слични содржини