Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски изгледа исцрпено по само неколку дена минати во резервните сили на украинската армија.
36-годишниот играч се приклучи на резервниот тим и се јави во програмата „Добро утро Британија“ да опише што се случува во неговата земја.
Стаховски ги остави семејството, сопругата и децата во Унгарија и облече униформа за да се бори за својата земја против руската инвазија.
-Светот мора да се обедини и да го запре овој хаос .Ги гледам сите санкции, ја гледам поддршката од сите луѓе во светот, има пораки и од пријателите и од оние кои не се. Поддршка, дури и санкции во економијата, спортот, помошта се одлични и сигурен сум дека „прават“, но не го спречуваат него (Путин) да го прави тоа што го прави. Тој му се заканува на светот со нуклеарно оружје, а овде ја напаѓа Украина. Никој не му се заканува, а што ако се чувствува загрозен, ќе употреби нуклеарно оружје?“, прашува Стаховски.
Stakhovsky : "Poutine, on dancera sur ta tombe." pic.twitter.com/MlYo0VViYF
— Quentin Moynet (@QuentinMoynet) March 1, 2022
Тој додаде дека не е сигурен дали таква личност смее да располага таков нуклеарен потенцијал.
„Не сме сигурни што ќе направи следно. Тоа не е само проблем на Украина. Разбирам дека треба да се бориме на наша територија, тоа не е проблем, но како што рече еден мој украински сонародник – мораме да затвориме воздушниот простор над нас. Имаме шанса да се бориме против Русите. Тие се многу супериорни таму горе, не можеме ништо да направиме таму. Тие немаат морал на земјата, немаат морал да се борат со нас. Ние се бориме на нашата земја, а тие доаѓаат како окупатори“, рече Стаховски.
Ukrainian Tennis Pro Sergiy Stakhovsky made the heartbreaking decision to leave his wife and children in Hungary to join the Ukrainian forces fighting against Russia. pic.twitter.com/VorVIsCUyO
— Good Morning Britain (@GMB) March 2, 2022
На социјалните мрежи дури беше објавен и скриншот кој го објави познатиот тениски новинар Квентин Мојне, а во кој Стаховски наводно остро го прозива Путин.
„Путин, ќе играме на твојот гроб“, пишува на скриншотот, кој во меѓувреме исчезна од социјалните мрежи.
Потсетуваме дека Русија ја нападна Украина минатиот четврток, а од тогаш траат битките меѓу двете армии.