Украински војници гранатираа железничка станица во регионот Курск

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Украинските војници ја гранатираа железничката станица Глушково во областа Курск, објави утрово на каналот Телеграм гувернерот на таа руска област Роман Старовојт.

Тој изјави дека станицата и селото Кулбаки останале без струја и дека како последица на нападот избувнал пожар, кој бил изгаснат, пренесува ТАСС.

Железничката станица Глушково е нападната од украинска страна со девет гранати. „Нема жртви“, прецизира Старовој.

Слични содржини