368
Украинскиот Генералштаб денеска соопшти дека Русија загубила 202.430 војници од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година, објави „Киев Индипендент“.
Од Генералштабот додаваат дека проценуваат дека руските сили на 19 мај изгубиле 670 луѓе.
Според извештајот, Русија изгубила и 3.781 тенк, 7.382 оклопни борбени возила, 6.103 возила и магацини, 3.229 артилериски системи, 564 системи за повеќекратни ракетни фрлачи, противвоздушни системи, 308 авиони, 294 хеликоптери, 2.801 дрон и 18 чамци.