Украинскиот „Калуш оркестар“ го продаде својот евровизиски трофеј, откриено што е купено со парите

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Украинскиот „Калуш оркестар“, бендот кој победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, го продаде својот трофеј.

Кристалниот микрофон беше продаден на аукција на Фејсбук за 900.000 долари, со цел да се купат дронови за украинската армија. Продажбата се совпадна со настапот на бендот на хуманитарен концерт на берлинската Бранденбуршка порта, јавува Би-Би-Си.

Зборувајќи на концертот, членот на бендот Олег Псјук апелираше до сите луѓе да не се „навикнуваат на војната во Украина“.

„Мислам дека секогаш треба да биде на насловните страници додека не дојде мирот“, рече Псјук.

Нивната песна, Стефанија, првично беше напишана во чест на мајката на Псјук, но емотивните текстови како „Секогаш ќе одам до тебе по уништените патишта“ беа протолкувани како поддршка за Украина во војната против Русија.

Украинскиот ТВ водител Сергеј Притула објави дека со парите собрани од продажбата на трофеи ќе се купат три беспилотни летала ПД-2 од украинско производство, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини