Украинскиот МО: Половина од ветеното оружје од Западот се доставува со задоцнување

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Половина од оружјето што Западот му го вети на Киев се доставува со задоцнување, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

На форумот кој се одржа во Киев по повод втората годишнина од руската инвазија, Умеров рече дека поради овие доцнења Украина „губи луѓе и губи територии“.

Според него, 50 отсто од ветеното оружје не било навреме испорачано.

Во исто време, украинскиот премиер Денис Шмигал денеска изрази уверување дека САД „нема да го препуштат“ Киев на Русија и дека на крајот ќе одобри помош за Украина.

Новиот пакет помош од 60 милијарди долари е блокиран во американскиот Конгрес поради политичките поделби меѓу републиканците и демократите, а помошта од Европската унија, која исто така беше одложена, беше потврдена во февруари.

Во последните денови, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано апелираше до неговите западни сојузници побрзо да достават воена помош до Киев.

Тој ги повика западните земји да ѝ обезбедат на Украина муниција, повеќе системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони.

Слични содржини