241
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека постои можност Русија да подготвува нова мобилизација, и дека во рок од една недела би можела да ги затвори границите за мажи.
Како што пренесува „Гардијан“, Резников ѝ се обратил на руската јавност преку видео порака на руски јазик и ги предупредил оние кои може да бидат мобилизирани.
„Знам дека имате уште една недела пред да останете без избор“, се вели во пораката и додава дека руските власти „на почетокот на јануари ќе ги затворат границите за мажите и ќе започнат нов бран на мобилизација“.