Украинскиот парламент гласаше за забрана на православната црква поврзана со Москва

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Украинскиот парламент денеска го прифати предлог-законот за забрана на православната црква зависна од Московската патријаршија, која ја поддржува руската инвазија на Украина, објавија пратениците.

„Ова е историска одлука“, напиша пратеничката Ина Совсун на Фејсбук.

Пратеникот Јарослав Јелезниак рече дека предлог-законот бил усвоен со 267 гласа „за“, додека потребното мнозинство е 226 гласа.

Слични содржини