233
Украинскиот парламент денеска изгласа смена на министерот за одбрана Олексеј Резников.
Отстранувањето на Резников од функцијата беше поддржано од мнозинството народни претставници во Врховната Рада, објави пратеникот Јарослав Железњак на социјалната мрежа Телеграм по гласањето.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата објави дека го разрешува Ренизков, а вчера самиот министер поднесе оставка.
Зеленски за нов министер го предложи Рустем Умеров, поранешен пратеник, кој моментално раководи со Фондот за управување со државниот имот.