Украинскиот Парламент поддржа укинување имунитет на пратениците

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Украинските пратеници денеска изгласаа да им се укине имунитетот од кривично гонење.

Тоа е еден од начините да се исполни предизборното ветување на претседателот Володимир Зеленски дека ќе се отстрани корупцијата во политиката, коментираат светските медиуми.

Претходно, на пратениците можеше да им биде укинат имунитетот само со гласање во парламентот за поединечни случаи.