„Украинските сили навлегуваат во Лиман во регионот на Доњецк“, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер.
Доцна суноќа Министерството за одбрана објави видео на кое се гледа како припадниците на 81-та воздухопловна бригада и Националната гарда ги соборуваат непријателските, односно руските знамиња во центарот на градот.
Украинската армија претходно вчера објави дека „опколила“ неколку илјади руски војници во овој град. Гувернерот на соседната Луганска област Сергиј Гаидај на руските војници во Лиман им понуди три опции: „да побегнат, да умрат заедно или да се предадат“.
The city center of Lyman today.
Servicemen of the 81st Airborne Brigade and National Guard tore down the enemy's flags. pic.twitter.com/5w2DpSfqId— Defense of Ukraine (@DefenceU) October 1, 2022
Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина.
„Многу сме охрабрени од она што го гледаме во моментов“, рече Лојд Остин.
Остин спомна дека Лиман e поставен преку линиите што Русија ги користела за испраќање на своите војници и материјали на југ и на запад.