Украинските власти: Русија користи проектили произведени во Северна Кореја

од Nikola Popovski
459 прегледи

Властите во Киев денеска соопштија дека Русија во нападите врз Украина користи ракети произведени во Северна Кореја.

Портпаролот на украинското обвинителство Дмитро Чубенко изјави дека севернокорејската ракета е една од проектилите што го погодија Харков на 2 јануари.

Чубенко изјавил дека „начинот на производство“ на севернокорејската ракета „не е многу модерен“, пренесува Ројтерс.

-Затоа, ние сме склони да мислиме дека се работи за проектил испорачан од Северна Кореја, рече Чубенко.