383
Украинската воздушна одбрана во текот на претходната ноќ собори околу 15 беспилотни летала кои се движеа кон Киев, изјави утрово шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.
Украинските сили „откриле и уништиле околу 15 воздушни цели“ во близина на Киев, навел Попко на Телеграм, додавајќи дека станува збор за експлозивни дронови од типот „Шахед“.
„Според моментално достапните информации, нема жртви или штети во главниот град“, додаде тој.
Воздушниот напад, 820-ти по ред во Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, траеше три часа, рече Попко.