Украинските вооружени сили: „Бахмут останува епицентар на борбите“

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Бахмут останува епицентарот на борбите со руските сили, соопштија утрово украинските вооружени сили, откако Русија изминатиот викенд тврдеше дека руските сили го зазеле градот во источна Украина.

„Борбите продолжуваат во Бахмут, а руските сили продолжуваат со офанзивните акции“, соопштија украинските сили, пренесува „Гардијан“.

Украинските сили известија дека во текот на изминатиот ден руските сили „неуспешно се обиделе да ги вратат загубените позиции јужно од населбата Иванивска“.

Слични содржини