Украинското воено разузнавање во реално време го надгледува местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на „Вагнер групата“, Евгениј Пригожин, изјави украинскиот портпарол.
Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации и наводната употреба на разни технологии, вклучително и лажни верзии од руските лидери, не е нешто што може да се сокрие“.
„Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме“, изјави Јусов за Киев пост.
„Путин е чуван, тој е добро чувана личност“.
„Пригожин се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент“.
„Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“.
Сепак, Јусов инсистираше на тоа дека во моментов не е во план да се убијат ниту Пригожин ниту Путин.
„