Украинското знаме отстрането од официјалното лого на Евровизија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Иако официјалните евровизиски налози имаат обичај да го имаат знамето на победничката земја во нивното лого – овојпат работите се сменија.

Официјалниот евровизиски профил на Твитер го отстрани украинското знаме од своето лого, само месец и половина откако заврши натпреварот и Украина победи.

Причината за ова е веројатно тоа што се уште не е јасно каде ќе се одржи следниот Евросонг.

Иако победничкиот бенд наведува дека тоа би можело да биде разурнат од војна Киев, ситуацијата е поинаква, а во последно време се шпекулира дека град домаќин би можел да биде и Манчестер, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина и таа земја се уште е под опсада.

Сепак, отстранувањето на украинското знаме од официјалното лого на Евровизија предизвика негодување кај обожавателите на ова престижно музичко натпреварување.

Слични содржини