Украинското знаме повторно подигнато на Змискиот остров

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Украинското знаме повторно беше подигнато на Змискиот остров во Црното Море, соопшти денеска украинската армија.

„Воената операција заврши и територијата на Змискиот остров е вратена во јурисдикција на Украина“, изјави на прес-конференција Наталија Хуменјук, портпарол на Јужната воена команда на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Руското Министерство за одбрана на 30 јуни објави дека земјата ги повлече војниците од Змискиот остров во знак на добра волја.

Слични содржини