Украл Ферари вредно повеќе од половина милион долари, но не забележал што има на совозачкото седиште

од Nikola Popovski
36 прегледи

Иако Ferrari 812 GTS не може да помине незабележано на патиштата, полицијата фатила крадец само со помош на технологијата.

Може да се претпостави дека луѓето кои се подготвени да платат мало богатство за Ферари, исто така, ќе инвестираат добри пари за негова заштита и безбедност, односно технологија против кражба. Но, тоа не беше случај со еден човек од Вотербери (град во американската сојузна држава Конектикат) чие скапо Ferrari 812 GTS вредно дури 575 илјади долари е украдено. Во полицискиот извештај не е наведено како бил украден автомобилот, но затоа се споменува како е пронајден.

Ниту софистицирана технологија, ниту полициски извештај не помогнаа во фаќањето на крадецот, туку слушалките на Apple. Имено, сопственикот на автомобилот ги оставил своите AirPods на совозачкото седиште, а благодарение на апликацијата Find My на Apple за пронаоѓање изгубени уреди со помош на Mac или iPhone, сопственикот на Ferrari успеал да ги лоцира слушалките, а со тоа и неговиот автомобил. Оваа информација веднаш ја проследил до полицијата која набрзо успеала да ги пронајде автомобилот и крадецот.

Кога полицијата го запрела на бензинската пумпа, тој со ферарито удрил во нивниот автомобил (оштетувањето е малo), по што побегнал и го оставил телефонот во автомобилот. Не е познато дали ги нашол слушалките на предното седиште од возилото, но и да ги нашол, сигурно не можел да помисли дека можат да му дадат, односно дека полицијата може да ги искористи за да го пронајде автомобилот.

Полицијата успеала да добие податоци од телефонот на крадецот и открила дека се работи за 22-годишен маж кој веќе е познат по кражба на автомобили. Интересно е дека тој бил уапсен десет дена подоцна, откако полицијата пронашла друг автомобил кој претходно бил украден во Њујорк, а тој млад човек, како и неговиот 19-годишен соучесник во криминал завршиле во затвор, пренесува „Zimo“.

Американската полиција претходно ги советуваше возачите да користат уреди како AirTag, уредот за следење локација на Apple. Добро е да се стави на пример: на клучеви, во паричници, патни торби, автомобили и слично за да можат полесно да се најдат во случај на загуба. Следењето на локацијата не бара интернет конекција, туку наместо тоа се поврзува со блиските уреди на Apple за да испрати сигнал за неговата локација.

Слични содржини