Укренерго: Инфраструктура за снабдување со струја погодена во денешните напади

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Украинската државна електроенергетска компанија „Укренерго“ соопшти дека нивната инфраструктура била погодена од денешните руски ракетни напади, кои доведоа до вонредни прекини на електричната енергија.

„Работниците на Укренерго работат на одржување на рамнотежата во енергетскиот систем“, се вели во соопштението на компанијата, пренесе „Ројтерс“.

Не беше прецизирано кои објекти  се погодени.

Најмалку две лица загинаа во рускиот ракетен напад врз Запорожје

Најмалку две лица загинаа во руски ракетен напад врз станбени згради во областа Запорожје, соопшти заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.

Како што наведе, погодени се згради во предградијата на градот Запорожје, а соборени се и некои руски ракети.

Гувернерот на Киевската област Олексиј Кулеба изјави дека во регионот работи противвоздушната одбрана и им порача на жителите да останат во засолништа.

Слични содржини