Ули Хенес откри кој го сруши Нико Ковач

од Aleksandar Petrovski
337 прегледи

Фудбалерите на Баерн Минхен продолжуваат со победи по заминувањето на хрватскиот тренер Нико Ковач. По тешкиот пораз во Франкфурт од Ајнтрахт (1:5), актуелниот германски првак прво го сруши Олимпијакос во Лигата на шампиони, а во саботата блескаше во дербито совладувајќи ја Борусија Дортмунд со 4:0 на Алијанц арена.

Во двата меча тимот го водеше в.д тренерот Ханс Флик кој ги воодушеви челниците на клубот и ја доби нивната доверба.

„Една работа е јасна, по совршената седмица со две убедливи победи јасно е дека Флик нема да биде заменет со тренер кој ќе се задржи на клупата на Баерн неколку месеци“, изјави претседателот на баварскиот клуб Ули Хенес.

Хенес ги откри вистинските причини за заминувањето на Ковач од клупата, а се чини дека зад тоа стои соблекувалната.

„Постоеја одредени струи во екипата кои не сакаа Нико Ковач да остане тренер. Токму од таа причина, заради желбите на нашите фудбалери, челниците мораа да реагираат во склад со тимот“, појасни Хенес.

Слични содржини