Улична војна беснее во Венецуела: Жестоки судири на полицијата и демонстрантите во Каракас, одекнуваат силни експлозии

од desk2
143 прегледи

Во еден од реоните на Каракас има жестоки судири на полицијата и демонстрантите, а се слушаат и експлозии, јавува телевизија TVV.

Еден дел од медиумите пренесуваат дека се слушаат експлозии на гранати и бомби со солзавец.

Како што се наведува, се судриле припадниците на полицијата и демонстрантите во реонот Петаре.

Вчера во Венецуела биле одржани антивладини протести, како и собири на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро. Во државите Португеса, Баринас, Тачира, Каракас, Амасонас, Боливар во судирите загинале 16 лица.

https://www.youtube.com/watch?v=nFgKI8HjtAU

Претседателот на парламентот на Венецуела, Хуан Гвиадо, се прогласил за претседател на државата за време на траењето на мандатот на привремената влада.

САД соопштиле дека го признаваат Гваидо и бараат од претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој не го сметаат за легитимен шеф на државата, да не дозволи насилни акции против опозицијата.