365
Денеска почнувајќи oд 19 часот затворена за сообраќај ќе биде скопската улица 11 Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин, до улицата Крушевска Република (од Тутунски Комбинат до крстосницата кај Црвен Крст).
Како што информираат од МВР, причината за тоа е презентацијата на новата противпожарна скала од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, заедно со единици од полицијата.
Улицата ќе биде затворена за собообраќај до завршувањето на настанот, за кој е најавено дека ќе трае до 21 часот.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.