Умерен земјотрес регистриран во Калифорнија

од desk4
120 прегледи

Американскиот геолошки завод соопшти дека утрово во близина на пацифичкиот брег на Северна Калифорнија регистриран е земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на 27,9 километри југозападно од Скоти, град со 850 жители, на длабочина од девет километри.

Нема информации за евентуално причинета материјална штета и повредени лица.