Уметник на деценијата: Ед Ширан доби значајно признание за својата работа

од Elena Daskalova

Велика Британија го прогласи Ед Ширан за уметник на деценијата, според организацијата за топ-листи „Official Charts Company“.

Тој во изминатите 10 години се задржа на врвот на топ-листите повеќе од секој друг уметник. Дури 79 недели бил на првото место со албумот, а истото важи и за сингловите.

Најголемиот хит на 2010-тите беше „Shape Of You“ кој 14 недели беше на првото место на топ-листите и се продаде во повеќе од 4,5 милиони примероци.

Shape Of You е еден од трите синглови на Ширан на листата на петте најдобри на крајот на деценијатa. „Thinking Out Loud“ е на број три, додека „Perfect“ е на петтото место.

Слични содржини