Уметникот Дидје Дешан се закити со наградата „Менада“

од Vladimir Zorba
114 прегледи
Францускиот уметник Дидје Дишан ќе се закити со престижната награда „Менада“за врвни достигнувања во областа на танцот на свеченото отварање на фестивалот „Танц фест“. Фестивалот ќе започне на 4. април во Македонскиот народен театар.
На отварањето ќе бидат изведени короеграфиите „Орландина“ – соло танцова претстава посветена на најдобрата современа танчерка во Словенија, Росана Хрибар и Танцовиот театар од Љубљана во кореографија на Рисима Рисимкин. На фестивалот ќе настапува младата кореографка Адријана Данчевска со Скопје танцовиот театар, под наслов „Д.О.Л:“, на оригинална музика на Александар Гроздановски.
Во рамките на програмата на „Танц фест“ на 13 април ќе биде прикажана современа танцова претстава за деца и родители,  „Зик Зак Пуф!“ на швајцарската танцова компанија за деца Мафалда од Цирих.  Детскиот блок продолжува на 14 април, кога во Домот на култура во Штип ќе се одржи таканареченото „Детско гала“ на кое покрај танцови студија од Македонија, ќе настапат деца од Холандија и за прв пат деца од Кина. Во периодот од 11 до 15 април, овие деца ќе имаат можност да се дружат и да танцуваат заедно во рамките на програмата Отворена програма, поддржана од „Виталија“.
Од 18 до 22 април, во рамките на „Танц фест“, а во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе се одржи програмата насловена „Share“ на која ќе учествуваат девет европски академии и танцови универзитети од Австрија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и македонија. Преку сто млади уемтници ќе гостуваат и ќе се дружат во Скопје и Штип, каде на сцената на Домот за култура ќе има три вечери со девет танцови претстави.
Со претставата „Silence on tourne“ на француската компанија „Покемон“ на 23 април ќе биде затворен фестивалот.