УМИРААТ ОД КОРОНА, А НЕ САКААТ ВАКЦИНИ И МЕРКИ: Протест на антиваксери во Букурешт, земјата регистрира рекорден број на заразени

од Vladimir Zorba

Илјадници луѓе протестираа во саботата во Букурешт, на повик од екстремната десница против „задолжителната вакцинација“

Романија пак запиша рекорден број на заразени со Ковид во саботата.

„Слобода“ и „Стоп за присилна вакцинација“ скандираа демонстрантите собрани пред владиниот штаб опкружени со силни полициски сили.

„Наскоро нема да можеме да излеземе без здравствена дозвола, тоа е кршење на нашите права“, рече инженерот Маријан Енеску (45), кој не носеше маска како огромното мнозинство демонстранти.

„Не сакаме да бидеме заморчиња на производителите на вакцини“, пишуваше на транспарент, а некои демонстранти рекоа дека „немаат доверба“ во романскиот здравствен систем.

„Стотици лекари сега се обидуваат да спасат животи“, одговори комитетот задолжен за кампањата за вакцинација во пораката објавена на социјалните медиуми.

Само една третина од 19 -те милиони Романци се вакцинирани досега, што е најниска стапка во Европската унија по Бугарија, и земјата во моментов минува низ особено силен трет бран на пандемијата.

Во саботата беа регистрирани повеќе од 12.000 новозаразени, најмногу од почетокот на пандемијата, додека 184 лица починаа.

Слични содржини