Уморни сте и напнати? Овие трикови ќе ви помогнат брзо да ја зголемите енергијата

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Ако се чувствувате уморни, напнати и малаксани, не грижете се, вие не сте единствените.

Овие едноставни и малку невообичаени трикови ќе придонесат за тоа брзо да добиете енергија.

„Чудна“ масажа

Еден од невообичаените начини да ја подигнете енергијата е нежно да ја повлекувате косата нагоре. Ова ќе ја стимулира циркулацијата на крвта во пределот на главата, што ќе го зголеми протокот на кислород, што ќе го намали чувството на замор и напнатост и ќе ја зголеми енергијата.

Ако сте во нешто подобра физичка состојба, обидете се да направите стој на раце, свеќа или да се свиткате за да ги допрете прстите. Ефектот ќе биде ист.

Со бои против лошото расположение

Експертите велат дека одредени бои имаат стимулативно влијание врз нас кога станува збор за „лекување“ на замор и општо лошо расположение. Облечете жолт, портокалов или црвен џемпер, бидејќи докажано е дека овие бои влијаат позитивно на расположението и ја зголемуваат енергијата.

Експертите велат дека овие топли бои прават да се чувствуваме среќни и задоволни.

Отстранете го заморот со мириси

Лековитите својства на мирисите се познати одамна, а докажано е дека некои ноти имаат корисен ефект врз расположението и го елиминираат чувството на замор. Мирисот на лимон, портокал или грејпфрут може брзо да го подигне нивото на енергија во организмот, па затоа е најдобро да се истуширате наутро со купка со мирис на цитрусно овошје.

Бонус е и ако пиете свежо исцеден сок од портокал или лимонада.

Слични содржини