УНЕСКО: 69 милиони деца под пет години ќе умрат до 2030 година

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Ова ќе се случи, ако нивната иднина не биде загарантиранa, дополнуваат од организацијата

Околу 69 милиони деца под пет години ќе починат до 2030 година поради  нелекување на  болести, ако властите и меѓународната заедница не преземат активни мерки во здравството, образованието и борбата против сиромаштијата. Ова се вели во објавениот извештај во понеделникот на УНЕСКО, пренесе ТАСС .

“Со актуелните трендови до 2030 година, кога истекува рокот за реализација на целите за одржлив развој, 69 милиони деца под пет години ќе загинат како последица на причини кои може да бидат спречени. 167 милиони ќе живеат во сиромаштија, 750 милиони жени ќе се омажат уште како малолетни, ако светот не се фокусира на тешката судбина на децата во најголем  број на обесправените средини”, предупредуваат од УНЕСКО.