Дали Охрид ќе го сочува или пак ќе го изгуби статусот што го носи повеќе од 40 години и ќе се најде на листата Светско наследство во опасност, одлуката на Комитетот на УНЕСКО ќе се знае денеска.
Денеска во кинескиот град Фуџоу се одржува 44-та сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).
Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на листата на светски наследства во опасност. Ова не значи бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот.
УНЕСКО досега даде неколку шанси за спроведување на препораките, но дегардацијата на универзалното културно и природно богатство продолжи, велат од невладината организација Охрид СОС. Невладините организации велат дека се длабоко загрижени, затоа што ваквата сосотојба не е последица ниту на војна, ни природна катастрофа, туку резултат на лошото управување и свесно уништување и негрижа од страна на властите.