УНФПА: Околу седум милиони непланирани бремености низ целиот свет како резултат на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) предупреди денес дека мерките за социјална изолација воведени поради пандемијата од коронавирус ширум светот може да резултираат со околу седум милиони непланирани бремености како една од последиците.


Прекините во снабдувањето и нарушувањето на редовниот синџир на снабдување може да ги направат контрацептивите недостапни за околу 47 милиони жени во земјите во развој, соопшти Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на ООН.

Според анализата на УНФПА, шестмесечниот карантин може да резултира со 31 милион дополнителни случаи на сексуално насилство бидејќи жените остануваат во домот подолг временски период, јавуваат агенциите.

Предупредено е за можноста за 13 милиони детски бракови во текот на следната деценија поради одложување на програмите на ООН, насочени кон прекинување на практиката на генитално осакатување на жените (ФГМ) и детски бракови, што може да се спречи во пракса.

Иако ова се груби проценки, податоците покажуваат „катастрофални потенцијални последици од КОВИД-19 за жени и девојчиња ширум светот“, рече извршната директорка на УНФПА, Наталија Канем во изјавата објавена од западните медиуми.

Исто така, се потенцира дека „пандемијата ги продлабочува нееднаквостите, ставајќи повеќе милиони жени и девојчиња во ризик да го загубат планирањето на семејството и да ги заштитат своите тела и нивното здравје“, рече Канем, потенцирајќи дека правата на жените и нивното репродуктивно здравје треба да бидат „заштитени по секоја цена“ .

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така, неодамна предупреди за „ужасниот глобален скок“ во семејното насилство за време на кризата, повикувајќи ги владите ширум светот да ги засилат напорите за превентива и спречување на насилство врз жените, јавуваат агенциите.

Слични содржини