Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека неговата влада сака да добие гаранции од Украина дека унгарската „ОТП банка“, неодамна отстранета од листата на „воени спонзори на војната“ од страна на Украина, нема да биде вратена на таа листа во иднина.
Сијарто изјави дека одлуката на Украинската Национална антикорупциска агенција да ја отстрани „ОТП банка“ од списокот е „чекор во вистинската насока“, но дека на Унгарија и треба дополнителни гаранции пред да го промени својот став кон Киев, пренесе АП.
„Ја поканивме Украинската Антикорупциска агенција да дојде во Будимпешта што е можно поскоро за да можеме да преговараме за договор кој ќе гарантира дека таква одлука нема да биде повторно донесена во иднина“, рече Сијарто.